Смртта на бунтовникот кој го фати Гадафи ги зголеми тензиите во Либија

Од:

Еден од либиските бунтовници кој помогна во фаќањето на Моамер Гадафи во одводна цевка беше погребан рано во средата, откако неговите роднини рекоа дека бил застрелан и измачуван во ривалскиот град.

Смртта на Омран Шабан во понеделникот повторно ја истакна неможноста на новите лидери во Либија да ги зауздаат вооружените групи кои можат да ги зголемат тензиите меѓу градовите Мисрата и Бани Валид, кои ги поддржуваа спротивните страни во конфликтот во 2011 година.

Шабан се прослави кога беше забележан на сликите при фаќањето на Гадафи на 20 октомври. пред да биде убиен поранешниот либиски лидер во неговиот роден град Сирт.

Според неговите роднини, Омран Шабан бил киднапиран од вооружени луѓе во јули во близина на Бани Валид, додека се враќал кон Мисрата, откако бил на владина задача во западна Либија за смирување на судирите во тој регион. Бани Валид, поранешното упориште на Гадафи, се наоѓа на околу 140 километри од Мисрата.

“Тој беше киднапиран на својот пат кон дома од страна на некоја криминална група”, изјави неговиот брат Валид. “На долниот дел од телото имаше прострелни рани а бил и малтретиран.”

Шабан беше ослободен претходно овој месец после напорните преговори на Мохамед Магареф, лидер на владејачкиот национален конгрес. Но тој беше во критична состојба и почина во Париз во понеделникот.

Додека Мисрата минуваше недели под опсада од страна на силите на Гадафи за време на борбите минатата година, Бани Валид беше еден од последните градови кој падна под бунтовниците.

Обновените тензии меѓу Мисрата и Бани Валид доаѓаат во тешко време за либиските лидери, кои се обидуваат да воспостават ред во вооружените групи по убиството на американскиот амбасадор во нападот на Американскиот конзулат во Бенгази на 11 септември.

Стотици присуствуваа на погребната молитва за Шабан на фудбалскиот стадион во Мисрата.

Неговиот брат Хусеин се пожали дека либиските власти не направиле ништо за да му помогнат на Шабан.

“Либија беше прогласена за слободна од владеењето на Гадафи на 23 октомври минатата година. Се уште не е”, рече тој.

Националниот конгрес и нареди на одбраната и министерот за внатрешни работи да се најдат оние кои го киднапираа Шабан, нарекувајќи го “храбар херој”.

Во јули, борци од Мисрата се заканија дека ќе го нападнат Бани Валид откако двајца новинари од нивниот град беа притворени. Новинарите на крајот беа ослободени по посредувањето на властите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски