Смртоносно оружје: Го задушила љубовникот со своите големи гради

Од:

Американката Дона Ланг (51) ќе биде обвинета за убиство без умисла, бидејќи го задушила нејзиното момче со своите огромни гради, пренесуваат американските медиуми.

Дона, која е тешка 87 килограми, наводно, за време на расправија што се одвивала во нивната приколка во Еверет, државата Вашингтон, легнала преку своето момче и го задушила со градите.

Бидејќи несреќникот имал 8 килограми помалку од Дона, немал шанса да се извлече од под нејзиното бујно тело. Иследниците веруваат дека го задушила со градите со кои го прекрила неговото лице.

Кога пристигнала полицијата на местото на настанот, можеле само да ја констатираат смртта на човекот, стар 51 години, чиј идентитет не го објавија. Полицајците заклучија дека Дона и нејзиниот партнер биле под дејство на алкохол за време на убиството.

Иако Дона вели дека не знае како починало нејзиното момче, полицијата врз основа на докази од местото на настанот веќе ја обвини за убиство без умисла.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас