Смит: Ја повикуваме Русија на изнаоѓање дипломатско решение за гаранциите за европска безбедност

Од:

НАТО и сојузниците уште еднаш ја повикаа Русија да седна на маса за дипломатски разговори „каде ние можеме заеднички да се согласиме за некои области од колективната и за реципроцитетни заложби за европската безбедност“, изјави Џулијан Смит, амбасадорка на САД во НАТО.

Според неа, тоа е најдобриот начин да се изнајде излез за кризата околу Украина.

-На последниот совет НАТО-Русија пред неколку недели секој сојузник испрати кристално јасна порака до Русија, дека остануваме отворени за дијалог и дека сме спремни да нанесеме тешки последици ако Москва навлезе во земјата, изјави Смит денеска на брифинг за новинарите.

Таа ја повика Русија да дојде на следниот таков совет.

Рече дека на претстоечкиот министерски состанок на НАТО што неделава се оддржува во Брисел може да се дискутира дали да се испратат дополнителни трупи за зајакнување на источното крило на НАТО.

-Ние размествме околу 5.000 војници во Централна и Источна Европа. Голем дел од таа бројка дојде од САД, изјави Смит.

-Сојузниците презедоја слични одлуки. Данска одлучи да прати фрегата и Ф-16 ловци во Латвија. Германија размести дополнителни сили во боевата група на НАТО во Литванија. Франција и Шпанија изразија готовност за учество, и Холандија испрати ловци Ф-30 во Бугарија, изјави таа.

Од НАТО велат дека се зависи од однесувањето на раководството во Москва.

-Не знаеме кои се плановите на претседателот Путин. Чекаме и набљудуваме – дали ќе се прибегне кон дипломатски пат или ќе се одбере пат на воена ескалација, рече таа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски

Песков: Постои само техничко ниво на комуникација меѓу Русија и Америка

Горан Наумовски