Сменети сите либериски министри кои не ја послушаа наредбата да се вратат во земјата заради еболата

Од:

Претседателот на Либерија, Елен Џонсон-Срлијф ги смени сите министри и други високо позиционирани функционери кои не ја послушаа нејзината наредба да се вратат во земјата, која се бори со епидемијата од ебола, соопштија американските медиуми.

Во соопштение на прес-службата на претседателот, објавено доцна синоќа, не се споменува колку и кои точно министри се сменети.

ebolaVirus

Наредбата да се вратат и да останат во Либерија беше дадена пред неколку недели, заедно со прогласувањето на вонредната состојба во земјата.

Еболата досега ја предизвика смртта на повеќе од 1.400 лица од западна Африка, вклучувајќи ја и Либерија, која е најсилно зафатена од болеста.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски