Сменет шефот на германската Агенцијата за кибер безбедност по наводите за врски со Русија

Од:

По извештаите за можните врски со руската разузнавачка служба сменет е шефот на германската Агенција за кибер безбедност, Арне Шенбом, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи.

Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер го смени Шенбом од чело на агенцијата БСИ по наводите дека во неговото раководење ја „нарушил потребната доверба на јавноста во неутралноста и непристрасноста на БСИ“, јави ДПА.

Шенбом е ко-основач на Групата за кибер безбедност, која обединува експерти од јавните институции и приватниот сектор. Германските медиуми објавија дека еден од членовите на групата компании која ја основал бил и поранешен агент на руската Влада.

Германската влада пред повеќе од една недела објави дека детално ги истражува извештаите.

Шенбом (53) беше шеф на германската агенција од февруари 2016 година. Се уште не е соопштено кој ќе дојде на негово место.

Минстарство наведе дека одлуката за негова смена е во интерес и на 1.500 вработени во агенцијата и нивната способност да работат без шпекулации за кадровски прашања, наведе ДПА.

Во Германија расте загриженоста дека клучната инфраструктура во земјата може да се најде на удар Русија поради германската поддршка за Украина.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија