Инднезискиот претседател Бамбанг Јудихјоно синоќа ја прифати оставката на началникот на генералштабот на војската на Индонезија генералот Будиман. Одлуката за повлекување на вториот по важност генерал во индонезиската армија предизвика низа шпекулации во локалните медиуми, кои пренесуваат дека е невообичаено и времето кога генералот Будиман одучил да ја соопшти својата одлука – точно во 6 часот и 45 минути попладне.
Началникот на генералштабот на индонезиската армија требало да се пензионира по два месеци. Предвремената оставка, како што заклучуваат аналитичарите, најверојатно има врска со релативно напнатата политичка ситуација во Индонезија на само еден ден пред прогласувањето на победникот на изборите за нов претседател на Индонезија. Поради страв за можни судири меѓу приврзаниците на двајцатакандидати, во Индонезија, покрај зајакнати полициски сили за редот и мирот, ако треба, ќе бидат ангажирани и припадници на армијата.