Словенија го запира јавниот превоз, ќе работат само продавниците за храна

Од:

Словенија ќе воведе нови, построги мерки, кои ќе бидат во сила следните две недели со цел да се спречи зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот.

Една од мерките ќе биде привремено укинување на јавниот превоз, а сите продавници, освен оние што продаваат храна, ќе бидат затворени, пренесува агенцијата СТА.

Училиштата и градинките остануваат затворени. И сите собири, освен на членови од исто домаќинство, ќе бидат целосно забранети. За венчавки ќе биде потребна дозвола од Министерството за труд.

Некои од тие мерки ќе стапат во сила утре, пред се онаа што забранува собири, а другите ќе бидат прогласени во сабота или понеделник.

Промени се воведуваат и на границите. Од 16 ноември сопствениците на имот во соседната земја повеќе нема да можат да влегуваат во Словенија без карантин, изјави министерот за внатрешни работи Алеш Хојс.

Исто така, веќе нема да може да се посетуваат членови на семејството на 72 часа надвор од Шенген зоната.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг