Словенечката полиција им го блокираше патот на повеќе стотици бегалци

Од:

Словенечката интервентна полиција им го блокираше денеска патот на повеќе стотици бегалци, кои се обиделе да ја преминат словенечката граница од селото Хармица, од хрватската страна на границата.

Бегалците минувале мал мост преку реката Сутла на ничија земја, но патот им го попречил кордон на словенечката интервента полиција.

Претходно на истиот мост, но кон хрватската страна преминале словенечки активисти, кои извикуваа; „Бегалци, добродојдовте!“.

Словенечката Влада соопшти дека ќе ги прифаќа лицата, кои бараат азил, но ќе депортира секого за кого ќе заклучи дека е илегален имигрант.

Во Словенија од Хрватска до денеска попладне илегално влегле околу илјада бегалци.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто