Словачкиот премиер Матовиќ поднесе оставка поради тајниот договор за набавка на „Спутник V“

Од:

Словачкиот премиер Игор Матович и целата негова влада денеска поднесоа оставки со цел да ја ублажат политичката криза предизвикана од тајниот договор за набавка на руската вакцина против коронавирус „Спутник V“.

Тоа е првата европска влада што падна поради пандемија, но коалицијата од четири партии ќе остане на власт со што ќе се избегнат предвремени парламентарни избори.

Претседателката Зузана Чапутова ја прифати оставката и му го даде мандатот за формирање влада на поранешниот министер за финансии, Едуард Хегер, кој, како и Матович, е од партијата Обични луѓе.

Тој во неделата објави дека ќе го прифати мандатот за формирање влада.

Владината криза се случи кога на почетокот на март беше потпишан таен договор, кој Словачка го потпиша за набавка на два милиони дози на руската вакцина против Ковид-19, „Спутник V“.

Матович ја нарача руската вакцина и покрај противењето на коалициските партнери.

Словачка е сериозно погодена од пандемијата на коронавирусот.

Со неколку измени, кабинетот на Хегер се очекува да биде ист како и на Матович, а новиот премиер може да даде заклетва оваа недела.

Би можело да ве интересира

Петер Пелегрини e новиот претседател на Словачка

Словачка: Автобус налета на група луѓе, две лица загинаа

Горан Наумовски

Корчок се надева на победа на претседателските избори во сабота во Словачка

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мечка снимена на улица во Словачка, двајца повредени

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Словачка: Готвач си ја искасапил девојката

Горан Наумовски