Словачка: Во железничка несреќа најмалку 100 повредени

Од:

Најмалку 100 лица се повредени во судир меѓу два воза во Словачка, но според сегашните информации, никој не загинал, објави словачкиот портал TA3.

Несреќата наводно се случила околу 10 часот наутро денес во близина на селото Јаблонов над Турња, кога два експресни воза се судриле на точка каде што се пресекуваат две пруги.

Портпаролот на компанијата Словачки железници, Јан Бачек, изјави дека причината за судирот сè уште е под истрага.

„Приоритет во моментов е спасување и евакуација на патниците и нашите вработени“, рече тој.

На местото на настанот се испратени пет амбулантни возила и еден хеликоптер за спасување.

Полицијата соопшти дека судирот се случил пред тунел и дека патниците постепено ги напуштале возовите.

Полицијата го обезбедува местото на несреќата, ја координира работата на спасувачките служби и го насочува движењето на луѓето во областа.

Би можело да ве интересира

Идентификувани 56 од 69 жртви во железничката несреќа во Шпанија, за преостанатите 13 е потребна меѓународна соработка

Бланар: Словачка е против какви било двојни стандарди во пристапувањето кон Европската Унија

Железничка несреќа во Шпанија: Најмалку 64 загинати, околу 80 се повредени

(ВИДЕО) Откриена e причината за трагедијата во Шпанија

(ВИДЕО) Медиуми: Најмалку 50 загинати во железничката несреќа во Шпанија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голема железничка несреќа во Шпанија, загинаа десет лица

Горан Наумовски