(ВИДЕО) Медиуми: Најмалку 50 загинати во железничката несреќа во Шпанија

Од:

Два воза за големи брзини се судрија денеска во Шпанија, при што, според медиумските извештаи, загинаа најмалку 50 лица. Сообраќајот на линијата што го поврзува Мадрид со регионот Андалузија е прекинат, што го потврди и железничкиот оператор „Адиф“ (Adif).

– Сообраќајот на линијата за големи брзини Мадрид – Андалузија е прекинат по судирот на два воза, соопштија шпанските железнички власти на платформата „Икс“ (X).

Според извештаите, два вагони излетаa од шините и се превртеa во насипот. Како што пренесува весникот „Ел Паис“ (*El País*), несреќата се случи нешто по 9 часот по локално време. Судирот се случи на делницата меѓу градовите Лос Јебенес и Урда, во покраината Толедо.

Владата стравува дека бројот на жртвите би можел да се зголеми. Според извори од службата за итни случаи „112“, воз за големи брзини од типот „АВЕ“ (AVE) се судри со воз на компанијата „Ирио“ (Iryo), кој стоеше на пругата. Тие наведоа дека два вагони паднаа во насипот. Првичните сознанија укажуваат на тоа дека возот „АВЕ“ удрил во задниот дел од возот „Ирио“, при што два вагони од вториот воз излетаа од шините.

Шпанската влада почна да ги откажува настаните планирани за денеска, а политичките кандидати ги прекинуваат активностите поврзани со нивните изборни кампањи. Регионот Андалузија испраќа возила на брза помош и логистичка поддршка за да им помогне на настраданите во железничката несреќа.

Антонио Санз, регионален министер задолжен за претседавање, здравство и служби за итни случаи во Андалузија, на социјалната мрежа „Икс“ објави дека на местото на несреќата се испратени медицински возила опремени за интензивна нега, како и возило за логистичка поддршка од Здравствената служба на Андалузија (SAS).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голема железничка несреќа во Шпанија, загинаа десет лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни немири во Шпанија: Демонстрантите запалија автомобили и ја нападнаа полицијата

(ВИДЕО) Голема несреќа во близина на Барселона: Најмалку 83 повредени, седуммина се тешко повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нереди во Барселона: маскирани палеа и ограбуваа, на 100 уапсени

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ