Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Од:

Словачка, една од земјите од Европската Унија кои не ја признаваат независноста на Косово, одлучи да ја затвори Канцеларијата за врски во Приштина четврт век по нејзиното отворање, јавуваат приштинските медиуми.

Затворањето на Словачката канцеларија за врски го потврди Министерството за надворешни и европски работи на Република Словачка за Радио Косово.

„Со одлука на Владата на Словачка, Канцеларијата за врски на Република Словачка во Приштина ќе биде затворена до 31 декември 2024 година, поради реорганизација на дипломатската мрежа и намалување на буџетот“, се наведува во одговорот на Одделот за комуникации на словачкото Министерство за надворешни и европски работи“, пренесува РТК.

Како што се наведува, одлуката за затворање на Канцеларијата во Приштина била донесена минатиот месец.

Словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар во петокот по средбата со српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ во Белград изјавија дека ставот на Словачка за непризнавање на Косово останува непроменет.

Би можело да ве интересира

Унгарија и Словачка сугерираат дека се жртви на биотероризмот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

Мечка нападна и усмрти маж во Словачка

Експлозија во воениот институт „Захорје“, најмалку двајца се повредени

Горан Наумовски

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји