Следен чекор е самит Путин-Трамп-Зеленски, порачаа лидерите на Европската унија

Од:

Европските лидери, вклучувајќи го и британскиот премиер Кир Стармер, издадоа заедничка изјава по состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

„Ги поздравуваме напорите на претседателот Трамп да ги запре убиствата во Украина, да ја прекине агресивната војна на Русија и да постигне праведен и траен мир“, се вели во соопштението.

Лидерите нагласија дека следниот чекор мора да бидат нови разговори меѓу Трамп и Путин, вклучувајќи го и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тие рекоа дека се „подготвени да работат“ со Трамп и Зеленски за да се реализира трилатералниот состанок.

Во соопштението се додава дека Украина мора да има „силни безбедносни гаранции“ за сопствена одбрана и дека „не треба да се воведуваат никакви ограничувања врз украинските вооружени сили“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Тврдењата дека Моџтаба е хомосексуалец е лош почеток за иранското раководство

(ВИДЕО) Трамп им се потсмева на Иранците: „Никој не сака да биде следен врховен лидер“

Орбан бара Зеленски да ги повлече агентите од Унгарија

Путин: Последиците од војната во Иран би можеле да бидат како последиците од пандемија

Израел има малку време за напади на Иран пред евентуалното примирје од САД

Трамп сака брзо да ја заврши војната со Иран, постави рок

Катерина Ѓуровски