„Скајп“ ќе дава лични информации на свои клиенти на полицијата во САД

Од:

Компанијата „Скајп“, која нуди широк спектар на Интернет услуги, се подготвува да изврши сериозни промени во својата политика во однос на доверливост на личните податоци на корисниците, пишува денеска британскиот весник „Индипендент“.

Во САД „Скајп“ ќе и дозволи на полицијата да добива информации за корисниците на услугите на компанијата.

„Безбедносните органи многу пати се жалат дека при прислушување на телефонските разговори на осомничени наркобосови, педофили и терористи, едниот од двајцата соговорници предлагал на другиот „да преминат на СкајП“, по што можноста за прислушување отпаѓала“, пишува „Индипендент“.

Најпосле полицијата во САД успеала да го убеди „Скакп“ да почне да соработува, и покрај упорниот отпор кон притисокот, вршен од нејзиното формирање во 2003. „Скајп“ во принцип гарантира недостапност на сообраќајот, повикувајќи се на високото ниво на кодирање на сигналот.

При тоа врската се остварува меѓу два компјутери, без да преминува преку централни сервери, што е уште една гаранција за сигурноста на врската, додава весникот.

На контакти преку „Скајп“ сметаат политички дисиденти, новинари и активисти на движењето за човекови права во цел свет.

Сега, според „Индипендент“, „Скајп“ може да загуби барем дел од предностите на пазарот за комуникации, бидејќи без гаранцијата за целосна доверливост на информацијата компанијата се изедначува со многу други Интернет провајдери.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД