„Скај Италија“: Нападите во Брисел можно е да биле планирани во Атина

Од:

Терористичките напади врз аеродромот и метро станицата во Брисел, што се случија во вторникот, можно е да биле планирани во Атина уште во текот на минатото лето, објави телевизија „Скај Италија“.

Според италијанската телевизиска станица, еден од извршителите на нападот во метро станицата Малебек, Халид Бакрауи, престојувал во Грција лани во јули.

Извори во италијанската служба за борба против тероризмот за телевизијата изјавиле дека во текот на летото 2015 година тој минал преку Италија, на пат кон Грција.

Во истиот период во Грција престојувал и Салах Абдеслам, осомничениот за организирање на нападите во Париз на 13 ноември минатата година, кој беше уапсен во Брисел четири дена пред бриселските напади на 22 март.

Според телевизијата, во текот на минатото лето во Атина се наоѓал и осомничениот водач на извршителите на нападите во Париз, Абделхамид Абауд.

Претпоставките дека нападите во Брисел биле планирани Атина се базираат на фактот дека во станот во кој престојувал Абауд во атинската населба Панкрати, грчката полиција пронашла мапи на бриселскиот аеродром „Завентем“.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски