Ситуацијата во Чешка е зрела за предвремени избори, оценуваат чешките медиуми

Од:

Повеќето чешки весници денеска во своите коментари се согласуваат дека одржувањето вонредни избори е најдоброто решение за политичката ситуација во земјата, по оставката на премиерот Петр Нечас заради корупциски скандал.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, медиумите анализираат дека коалициската Влада, како и Собанието го изгубија легитимитетот уште пред појавувањето на скандалот.

– Целиот систем е неуспешен и постои потреба од рестартирање, констатира „Хосподареске новини“.

И „Лидове новини“ смета дека предвремените парламентарни избори се единственото решение, но додава дека може да биде проблематично гласањето за распуштање на Собранието и обезбедувањето на 120 гласа.

Особено, кога десетина пратеници од различни причини во изминатиот период станаа независни, а неколкумина се во притвор или на издржување казна заради корупциски афери.

Како значајна причина за предвремени избори, медиумите ја наведуваат и улогата на претседателот Милош Земан, кој како политички противник на десноцентристичката влада, сега има можност да го обезбеди нејзиното заминување.

Некои аналитичари, сметаат дека сепак постојат индиции дека Земан настојува да не се одржат предвремени избори за тој да биде главната фигура која ќе доминира во чешката политика, до редовните избори во мај, идната година.

– Ако му се дозволи тоа, ќе се создаде нешто како претседателска влада, односно ќе се отвори можност за соработка врз нарушената конструкција на чешката парламентарна демократија со тешко предвидливи последици, се предупредува во коментарот на весникот „Е-15“.

За коментаторот на „Млада Фронта Днес“, во игра се се уште две сосема спротивни варијанти кои и сега се веќе на виделина.

Можност, коалициските партнери да покажат смисла за единственост и компромис и да се договорат за името на новиот премиер, но и да излезат на површина внатреполитичките спорови кои веќе се наѕираат и кој неминовно ќе доведат до вонредни избори.

Тие избори, многу веројатно е да ги донесат на власт социјалдемократите со поддршка на комунистите.

– Да, нови избори би значеле моќ за комунистите и исто така повисоки даноци. Но, и покрај тоа, подобро кон избирачките кутии отколку овој поствладин терор без крај, го завршува својот коментар, новинарот на „Е15“.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски