Сите жени, деца и стари лица евакуирани од Азовстал

Од:

Украина попладнево соопшти дека сите жени, деца и постари лица се евакуирани од Азовстал, фабриката за челик во Мариупол, која е целосно опкружена од руските сили. Не е јасно каде се во моментов жените, децата и постарите лица кои беа евакуирани, а Би-Би-Си јавува дека би можело да помине долго време до објавување на оваа информација.

Имено, при претходните евакуации на цивили од Азовстал, но и други области опколени од руските сили, цивилите најпрво биле однесени кај руските т.н. филтрациони кампови, кои беа основани надвор од Мариупол. Во нив, руските сили ги проверуваат цивилите пред да им дозволат да се движат кон територијата под контрола на Украина.

Во претходната евакуација, трансферот траеше цели пет дена, иако растојанието што го поминаа цивилите можеше да се помине за неколку часа, наведува Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков