Сите американски министерства добија наредба да ги отстранат производите „Касперски“ од компјутерите

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на државните институции да ги отстранат софтверските производи на „Лабораторија Касперски” од своите компјутерски системи, бидејќи се стравува дека оваа фирма со седиште во Москва би можела да е под влијание на Кремљ.

Министерството за внатрешна безбедност издаде директива кон другите оддели да направат попис на сите производи на „Касперски” во своите компјутерски системи во рок од 30 дена, да изработат планови за да ги отстранат во период до 60 дена и да престанат во целост да ги користат за 90 дена.

– Министерството е загрижено поради врските меѓу некои вработени во „Касперски“ и руското разузнавање и други владини агенции, како и можноста која ја дозволува руското законодавство да замолат или да побараат соработка од „Касперски“ и да ги прекинат комуникациите кои транзитно минуваат низ руски мрежи, се наведува во соопштението на американското Министерство за внатрешна безбедност.

Фирмата „Лабораторија Касперски“ повеќепати негираше дека е поврзана со која и да е влада, тврдејќи дека нема намера да помога на која и да е администрација да врши кибер шпионажа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски