Сириско будење: Како Вашингтон може да ја искористи руската интервенција за доаѓање до примирје

Од:

Форин аферс – Вашингтон

30 октомври 2015

Руската интервенција во Сирија им создаде главоболка на американските политичари. Официјалниот став е дека акциите на Русија не менуваат фундаментално ништо и дека во секој случај Русите многу брзо ќе се најдат во безизлезност.

САД – ако ја парафразираме познатата изрека на поранешниот израелски премиер Давид Бен Гурион за истовремената битка и против нацистите и против Британците – се подготвени да војуваат против ИД како Русите (и режимот на Башар Асад) да не постојат, и да им се спротивстават на Русите, како ИД да не е таму.

Тоа и не е толку апсурдно колку што може да звучи: во пракса, Русите создадоа две нови ситуации на теренот. Прво, веќе не е можно Американците да воспостават зона за безбедност или зона забранета за летови. Но, Вашингтон и вака и така немаше намера да го стори тоа така што оваа ситуација е незначително променета.

Второ, Русите удираат врз бунтовнички групации поддржани од САД кои вршат притисок врз режимот на Асад во близина на Дамаск. Тоа е голем проблем и главна пречка за соработка со Москва, за која се сметаше дека претседателот на САД Барак Обама, е заинтересиран уште од почетокот на руската интервенција.

Трите актери во сирискиот конфликт – САД, Русија и сирискиот режим – во ваа фаза имаат сличен интерес да ја разбијат безизлезноста создадена ао руските напади против групациите во западна Сирија поддржани од САД. Американската администрација веројатно сфаќа дека Русите вршат напади против американските птитеници, заради непосредната закана што тие ја претставуваат за силите на режимот, а не заради нивната врска со САД.

Всушност, руските удари во моментов не влијаат на тоа кон која религиозна заедница припаѓаат бунтовничките сили и го покриваат целиот тој спектар – од умерените сили вооружени од САД, до ИД, која руските сили почнаа да ја напаѓаат во покраините на Алепо. Стратегијата на Москва е насочена кон намалување на притисокот врз режимот што ќе му овозожи да ги реорганизира силите и истовремено со тоа да го засили внатрешното единство од кое власата има потреба за да биде ефикасна.

За да ја убедат Русија да запре со нападите против формациите поддржани од САД, САД би требало да ги убедат тие формации да сопрат со своите операции против режимот. А тоа очигледно е незамисливо, освен ако режимот не запре со нападите против нив. По тоа прашање всушност постои простор за маневрирање.

Колку и да се макијавелистички, жестоките обиди на Асад во последнава година да постигне привремени локални помирувања, кои како резултат имаа кревки примирја од Идлиб на север до Латакија, Хомс, Хама и околината на Алепо. всушност, режимот сега се обидува да направи сличен договор и во Дараа градот кој поднесе тешки удари и каде на почетокот избувна револуцијата пред четири години.

Не сите тие набрзина изведени зделки се покажаа трајни, делумно заради лошото командување и контрола од двете страни. Но, таму каде се одржаа, луѓето се спасуваат и се намалува нивото на насилства и се подобрува климата за политички напредок, дури и ако на хоризонтот не се забележува прогрес. Во комбинација со продолжувањето на ударите против ИД за момент тоа може да биде толку добро колку и што изгледа.

Може да се надеваме дека режимот ќе се стреми кон примирја во случаи кога силите на Асад и умерените бунтовници директно си оспоруваат територии. Во меѓувреме, САД треба да го искористат дипломатскиот достап до владата на Путин и влијанието врз своите штитеници  да ги заинтересира за таа идеја.

Прво, Вашингтон треба да ја убеди Москва да запре со нападите врз позициите на умерените бунтовници, ако тие се смират. Потоа, Вашингтон треба да влијае кај своите штитеници дека нвниот достап до американски испораки (и воздржаноста на Русија) ќе зависат од нивната подготвеност да се обидат да постигнат примирја на некои места и од можноста да ги насочат своите ативности против ИД во тесна врска со САД и Русија. Сите страни ќе имаат интерес од поддршката на таквото примирје.

Таков вид зделка ќе донесе повеќе од само вештачката можност за „будење“ во Ирак, која толку ефикасно беше искористена од тогашниот командант на мултинационалните сили Дејвид Петреус, за успехот во 2007 година. Во Ирак нараснатата омраза на сунитите против организации како Ал Каеда во западните провинции во комбинација со измореноста од истовремено спротивставување на американските операции и на шиитските ескадрони на смртта, ги наттера да прифатат помош од САД, а на крајот и соработка.

И не бидете во заблуда: иако во моментов има извесен степен на тактичка соработка меѓу ИД и многу бунтовнички групации кои дејствуваат во Сирија, длабоко во себе тие групации не и се поккоруваат на ИД и ја сметаат за привремено, но неопходно зло.

Во тавата ситуација би било разумно владата на Обама да ја искористи привидно тешката ситуација создадена од руските напади врз силите поддржани од САД, за да ја разгледа можноста за примирје. Тоа не само што ќе го поштеди цивилното население од продолжување на агонијата, туку ќе може да ја открие и можноста за соработка меѓу САД и Русија против ИД, како и да означи почеток на „будењето“ кое може да почне со истерувањето на ИД од распарчената Сирија, истовремено отварајќи пат за политичко решение.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он