Сириските сили можеби го извршиле нападот без довола на Асад, според германските разузнавачи

Од:

Силите на сирискиот режим можеби го извршиле хемискиот напад во близина на Дамаск, без лична дозвола од претседателот Башар ал Асад, објави денеска германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на извори во германските разузнавачки служби.

Сириските воени команданти барале од претседателската палата да им дозволи употреба на хемиско оружје изминатите четири и пол месеци, се вели во радио пораките, кои ги пресретнале германските агенти, но дозволата секој пат им била ускратена, додава весникот.

Тоа, пишува „Билд“, би можело да значи дека Асад можеби не е лично одговорен за нападот во близина на Дамаск од 21 август во кој според проценките на Вашингтон загинале над 1.400 лица.

Германската разузнавачка служба (БНД) не била достапна за коментар за овие тврдења, додава „Билд“.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад