Сириските сили ги потиснаа џихадистите од Палмира

Од:

Сириските владини сили денеска успеаја да ги потиснат припадниците на џихадистичката група Исламска држава (ИД) од локалитетот на остатоците на античкиот град Палмира, во централниот дел на Сирија.

Џихадистите, кои уништија неколку историски споменици на културата во Ирак, успеаја да продрат на еден километар до Палмира, која како симбол на класичната архитектура е вклучена на листата на УНЕСКО на светско културно наследство.

– Денеска имам многу добри вести и се чуствуваме многу продобро. Урнатините не се уништени, но тоа не значи дека не треба да стравуваме, изјави сирскиот владин претставник за антиквитети Мамун Абдулкарим.

Во исто време, гувернерот на регионот околу Палмира, Талал Барази соопшти дека сириските сили ја презеле контролата врз северниот дел на градот Тадмур, каде вчера навлегоа припадници на ИД.

– Нападот на припадниците на ИД е одбиен и ги протеравме од северните делови на Тадмур. Војската се уште ги пребарува улиците во потрага по поставени бомби, истакна Барази.

Би можело да ве интересира

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Ројтерс: Американски војници се повредени во напад со беспилотно летало во Сирија

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он