Сириските деца бегалци во Турција ја пречекаа Меркел со бакнежи и подароци

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел посети денеска бегалски камп во Турција на границата со Сирија и отвори центар за заштита на децата, кој го финансира Европската унија, а во таа прилика доби подароци и бакнежи од најмладите бегалци од Сирија.

Канцеларката Меркел допатува денеска попладне со претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск и потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс во градот Газиантеп, во обид да дадат поттик за примената на спогодбата меѓу ЕУ и Анкара за решавање на бегалската криза, а на аеродромот ги пречека турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Делегацијата, под силни мерки за безбедност и со снајперисти на покривот на автобусот, замина во околниот бегалски камп во Низип, каде се наоѓаат околу пет илјади бегалци, меѓу кои 1.900 деца.

Над влезот во кампот ги дочека голем транспарент со напис: „Добродојдовте во Турција, најголемото засолниште на бегалците“.

Меркел, Туск и Тимерманс пресекоа црвена лента и со тоа свечено го отворија детскиот центар, кој го финансира ЕУ и е поддржан од УНХЦР, а во церемонијата им се приклучи и Давутоглу со сопругата.

Европските лидери по посетата на бегалците ќе се повлече на разговори и на крајот ќе имаат заедничка прес-конференција со турскиот премиер Давутоглу.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад