Сириски бегалец вмешан во нападите во Брисел

Од:

Дваесет и осумгодишен Сириец, кој пристигнал во ЕУ како „бегалец“, е меѓу лицата вмешани во нападите од 22 март во Брисел, објавија денеска белгиските медиуми.

Тој во септември минатата година пристигнал на грчки остров со истиот чамец, во кој се наоѓале и некои од напаѓачите во Париз лани во ноември. Неговиот вистински идентитет не се соопштува, а познато е само неговото лажно име со кое се претставувал. Негови отпечатоци се откриени во станот, каде биле подготвувани бомбите што експлодираа во Брисел.

Полицијата поседува фотографија од осомничениот и постои сомнеж дека тој е „мажот со шеширот“ од снимките со напаѓачите од аеродромот „Завентем“.

Бриселскиот аеродром засега останува и натаму затворен и не е познато кога ќе бидат обновени летовите. Метрото во Брисел денеска почна да работи со ограничен режим, при што се отворени само 30 од 69-те станици.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски