Сириската опозиција ќе има амабасадор во Франција

Од:

Сириската национална коалиција ќе има свој амбасадор во Франција, соопшти францускиот претседател Франсоа Оланд.

„Ќе има амбасадор на Сирија во Франција назначен од претседателот на Коалицијата“ – изјави францускиот претседател, додавајќи дека идната влада на оваа коалиција, која ќе се создаде ќе ги има сите компоненети на Сирија, меѓу кои христијаните и алавите.

Шефот на француската држава, кој минатиот втроник соопшти дека Франција ја признава сириската национална коалција како единствен легитимен претставник на Сирија, оваа изјава ја даде по средбата со шефот на сириската опозиција Ахмад Моаз ал-Катиб.

Тој од негова страна изјави дека од негова страна не гледа пречка за создавање на влада за транзиција.

– Нема проблеми. Коалцијата постои и ние ќе испратиме повик за кандидати за да создадеме влада на технократи, кои ќе работат до падот на режимот,  рече ал Катиб.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски