Сипиле: Кризата со бегалците предизвика нетрпеливост во ЕУ

Од:

Кризата, предизвикана од приливот на бегалци во Европа, предизвика нетрпение на континентот, изјави финскиот премиер Јоха Сипиле во денеска објавеното интервју за весникот „Калева“.

– Во моментов ситуацијата е неподнослива, бидејќи Шенген системот не работи. На надворешните граници не се извршуваат проверките, предвидени со договорот, реле Сипиле.

Финскиот премиер додаде дека е потребно да профункционираат центрите за распределување по надворешните граници и оттаму преку доброволен систем за прием на бегалци, тие да се испраќаат понатаму.

Тој во друго интервју вчера за телевизијата Јоле изјави дека во пракса се покажало дека системот за доброволно распределување не работи, бидејќи сите земји во Европската унија не се согласни да учествуваат во тој процес.

Сипиле нагласи дека Финска речиси го достигнала максимумот на можностите за прием на бегалци.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море