Синот на поранешниот либиски водич Моамер Гадафи, Саиф ал Ислам денес на кратко се појави пред судот, во местото Зинтан, каде што се наоѓа во притвор по апсењето во ноември 2011 година.
Саиф го бара и Меѓународниот кривичен суд поради воени злосторства, а актуелниот случај е поврзан со обвиненија дека дал информации на меѓународни правници минатата година, кои можеле да ја загрозат националната безбедност.
Тој беше единствен обвинет од 13 лица, кој што се појави пред судот во врска со обвиненијата.
Судењето е одложено за 19-ти септември, бидејќи одбраната не беше подготвена.
Правничката на Меѓународниот суд, Мелинда Тејлор неколку недели по состанокот со Саиф беше притворена поради обвинение дека дала чувствителни документи и информации.
Либија има намера сама да му суди на синот на Гадафи и треба да започне обвинение за воените злосторства, а обвинителот најави дека тој наскоро ќе биде изведен пред судот.
Елена Георгиевска