Синот на Гадафи нема да има фер судење

Од:

Саиф ал-Ислам, син на соборениот и ликвидиран поранешен лидер на Либија Моамер Гадафи, „нема да има чесно и фер судење“, тврди адвокатот на Меѓународниот кривичен суд, Мелинда Тејлор, јави дописникот на МИА од Лондон.

Таа и уште тројца други правни експерти на овој Суд, беа нелегално уапсени од локалната милиција во либискиот град Зинтан, а потоа затворени еден месец, под обвинување дека се „шпиони“, затоа што разговараа со уапсениот Ал Ислам.

Синот на Гадафи беше уапсен минатата година, во јужна Либија, при обидот да ја напушти земјата, а потоа изложен на тортура, по што поради појава на гангрена му беа отсечени три прсти на рацете.

Меѓународниот кривичен суд бара од новите либиски власти во Триполи, Ал Ислам кој е обвинет за кривични дела против човештвото, да му биде предаден на судот и да биде суден во Хаг, но милицијата што го држи затворен, инсистира тој да биде суден во Либија. Предвидено е суденјето да се изврси на 23 јули.

Адвокатот Тејлор во првата изјава по ослободувањето од заробеништво, за Би-Би-Си рече дека Ал Ислам е веќе определен за виновен и е изложен на силната пристрасност на оние кои треба да го судат.

Апсењето и заробеништвото на четворица адвокати на Меѓународниот кривичен суд, се до изјавата на Мелинда Тејлор, беше премолчувано од лондонските медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски