Симпатизерите на Берлускони ќе плаќаат по илјада евра за да вечераат со него

Од:

Силвио Берлускони пронајде нов начин за финанриање на неговата партија Народ на слободата, јавуваат денеска италијанските медиуми.

Според неговата идеја во Бари, административен центар на областа Пулија, ќе биде организирана вечера во чест на милијардерот и партиски лидер.

Оние кои ќе сакаат да ја споделат трпезата со Берлускони ќе треба да плата илјада евра.

За таа сума тие ќе бидат угостени со предјадење од ракчиња од локалниот залив Галиполи, пире од наут, тестенини од прегорена пченица, печена бела риба умбрина, која се наоѓа во Бискајскиот Залив, Средоземното, Црното и Каспиското Море и десерт Мафалда со шумски плодови.

На поканата на Берлускони веќе се пријавиле 400 лица. Средствата ќе бидат наменети за финансирање на Народ на слободата.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он