Сименс понуди свои простории за прифаќање бегалци од Сирија и Ирак

Од:

Германската компанија Сименс понуди свои празни канцеларии во Минхен за прифат и сместување бегалци пред се од Сирија и Ирак, потврди портпаролот на тој германски индустриски конгломерат.

– Им понудивме на градската управа да го стави нашето старо седиште во Менхен на располагање на бегалци, изјави портпаролот. Со тоа тој ги потврди претходните наводи на Шпигел.

Идејата ја предложил одборот на компанијата.

Сименс има седиште од околу 30.000 квадратни метри празни простории со кантини и купатила во комплекс згради во источниот дел од Минхен. Таму претходно беше комерцијалното седиште за јужна Германија.

Повеќе од три милиони Сиријци ја напуштија својата држава од почетокот на граѓанската војна во 2011 година.

Би можело да ве интересира

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина