Судот од Малдивите осуди 15-годишно девојче, жртва на силување на сто удари со камшик и осум месеци домашен притвор, откако призна дека имала предбрачни сексуални односи.
Во текот на полициската истрага по обинението на девојчето дека ја силувал нејзиниот очув, утврдено е дека таа имала доброволна сексуална врска со друг маж.
-Иако сега е осудена, таа ќе биде камшикувана кога ќе наполни 18 години, но казната може да се изврши и веднаш, доколку таа сака- изјави судски службеник, пренесува „Франс прес“.
Предбрачните секусални односи се незаконски на Малдивите, каде што се почитува строгиот исламски закон.
Очувот на девојката се соочува со 25 години затвор, доколку биде осуден за силување или убиство, откако наводно убил бебе, односно свое дете кое што го родиле осудената.
Целиот случај го осудија луѓето кои што се борат за човекови права и од власта побараа да ја ублажи мерката против девојката која останала трауматизирана бидејќи очувот често ја силувал.
Портпарол на претседателот, Масуд Иман изјави дека девојката треба да се третира како жртва, но и дека таа треба да се срами за своето дело.
-Таа нема да биде камшикувана за да чувствува бол, туку поради срамот, бидејќи направи нешто што е против религијата – изјави Иман.
Се уште не е јасно дали партнерот на девојката исто така ќе биде обвинет за предбрачен секс.
Елена Георгиевска