Адријан Бејли (41) признал дека ја силувал и убил новинарката Џил Мегер (29) која сама се враќала дома од еден клуб во близина на нејзиниот дом.
Џил била излезена со нејзините колеги од работа кога Бејли ја нападнал и ја одвлекол во споредна мрачна улица.
Бејли рекол дека прво и пријдел да и „помогне“, бидејќи забележал дека е вознемирена. Тој го слушнал нејзиниот телефонски разговор во кој таа била загрижена за здравјето на својот татко.
Кога ја одбила неговата помош, тоа го налутило. Откако ја силувал, ја задавил со рацете, бидејќи „бил исплашен дека се ќе раскаже на полицијата“.
Нејзиното тело го закопал покрај селскиот пат.
Полицијата брзо го пронашла благодарение на надзорните камери и поради тоа што во неговиот автомобил не ги прикрил трагите откако се ослободил од телото на својата жртва.
Бејли е осуден на 35 години затвор.