Во експлозија на бомба во центарот на Најроби ранети се најмалку 16 лица, а сосема е разурната една зграда.
Возилата на „Брза помош“ итаат кон центарот на градот, а затечените граѓани се обидуваат да им помогната на повредените, пренесува Ројтерс.
Во Кенија, последниве месеци имаше повеќе бомбашки напади за кои полицијата ги обвини бунтовниците од групата Шебаб, поврзана со Ал Каеда и нивните приврзаници.
Неколку минути по експлозијата денеска во Најроби, на Твитер страната на Шебаб, излезе информација за страшниот настан, но групата сеуште нема превземено одговорност за нападот.