Силите на Хафтар тврдат дека го заземале аеродромот кај Триполи

Од:

Меѓународно непризнаената Либиска национална армија (ЛНА) синоќа соопшти дека ја презела контролата врз аеродромот во предградието на Триполи.

Ахмед Мисмари, портпарол на силите лојални на лидерот на ЛНА Калиф Хафтар, соопшти и дека припадници на ЛНА презеле контрола врз два града во близина на Триполи – Тархуан и Азизија.

Мисмари информира и дека петмина припадници на ЛНА загинале во борбите со силите лојални на премиерот Фајез ал Сараџ, кои се признати од меѓународната заедница.

Силите на Сараџ вчера соопштија дека заробиле 100 војници лојални на Хафтар и оти планираат да извршат воздушен напад врз негови позиции.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски