Силите на генералот Хафтар ја вратија контролата врз базите, преземени од исламистите во Бенгази

Од:

Силите, лојални на либискиот генерал Халифа Хафтар, поддржани од владините војски соопштија дека ја вратиле контролата врз базите во источниот град Бенгази, кои беа преземени од исламистичките милиции.

– Четири кампови во околината на Бутани веќе се под контрола на Либиската армија, изјави командант од силите на Хафтар за либискиот сајт Ал Васат.

Базите биле преземени доцна синоќа по жестоките судири, речиси еден месец по нивното заземање од страна на милициите.

Тој не го прецизираше бројот на жртвите. Според него воените операции во Бенгази продолжуваат.

Хафтар ја иницираше воената кампања против исламистите во Бенгази во мај, изјавувајќи дека неговата цел е да ги протера терористите од градот.

Во главниот град Триполи милииците, кои се борат една против друга од средината на минатиот месец водат битка за контрола на меѓународниот аеродром.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски