Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во источниот дел на Индонезија, соопшти американскиот Геолошки завод.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 67 километри во близина на индонезиските Барбарски Острови.
Се уште нема податоци за евентуални човечки жртви и за причинета материјална штета.