Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди југозападниот дел на островот Суматра во Индонезија, соопшти американскиот Геолошки институт.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Сиболга, но за сега нема нема податоци за евентуална материјална штета.
Не е издадено ниту предупредување за опасност од цунами.