Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала го погоди турскиот град Коња денеска околу 18.45 часот по локално време, а епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од 10 метри.
Канцеларијата на гувернерот во Коња соопшти дека нема извештаи за материјална штета, пренесува Ројтерс.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа изјави дека итните служби не интервенирале за време на земјотресот.