Индонезија ја погоди силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, пренесува EMSC.
Епицентарот на земјотресот е регистриран во Тиморското Море, а почуствуван е и во Индонезија, Источен Тимор, Папуа Нова Гвинеја, а исто така и во Австралија.
ЕМСЦ најпрво извести дека се работи за земјотрес со јачина од 7,4 степени, но во меѓувреме излегоа нови информации.
Сеизмолошките служби информираат дека не се очекува цунами. Земјотресот е регистриран на длабочина од 115 километри.
„Најголемиот земјотрес што сум го почувствувал во Дарвин“, изјави жител на австралискиот град Дарвин на веб-страницата на EMSC.