Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Нејафа во регионот Тонга, соопшти Американскиот геофизички институт.
Според извештаите, издадено е предупредување за цунами во областа на американска Самоа.
Пацифичкиот центар за предупредувања соопшти дека се можни бранови и до 300 километри од епицентарот на земјотресот, долж брегот на Тонга.
Засега нема информации дали земјотресот предизвикал материјална штета или дали има повредени.
Извор: МИА