Силен земјотрес го погоди источниот дел на Индонезија

Од:

Земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтер ја погоди утрово источната индонезиска провинција Западна Папуа, соопшти Американскиот геолошки завод.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, единствено е предизвикана паника меѓу населението.

Претставник на индонезиските власти истакна дека нема опасност од цунами покрај брегот на ретко населената планинска провинција, која се простира на западната половина на островот Нова Гвинеја.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 256 километри источно од градот Енаротали на длабочина од 58 километри.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници