Силен земјотрес со интензитет од 6,4 степени, според Рихтеровата скала, го погоди денеска индонезискиот остров Суматра, соопшти Американскиот геолошки завод.
Земјотресот се случил на длабочина од 35 километри, а неговиот епицентар бил на 723 километри западно од Бенгкулу.
Засега нема информации за жртви или материјални штети.
Индонезиските власти не доадоа предупредување за цунами.