Сијарто: Украина силно одби дозвола за телефонски разговор меѓу Орбан и Зеленски

Од:

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, денеска изјави дека побарал од украинскиот министер за надворешни работи и од шефот на кабинетот на претседателот на Украина да дозволат телефонски разговор меѓу Орбан и претседателот на Украина Володимир Зеленски, но дека тие одбиле како што изјави, „остро, но цивилизирано“.

Сијарто го потсети радио Кошут дека унгарскиот премиер Виктор Орбан, со оглед на приближувањето на Божиќ, предложи повеќедневен прекин на огнот во Украина и голема размена на воени заробеници за да можат стотици или дури илјадници луѓе да го поминат празникот во своите домови и со нивните семејства и дека украинската страна го одбила.

Тој повтори дека решението за конфликтот во Украина може да се најде само на преговарачка маса, дека преговорите се неопходни и дека ќе треба да се постигне прекин на огнот пред почетокот на мировните преговори, нагласувајќи дека во текот на изминатите шест месеци за време на ЕУ Претседателството, Унгарија се обиде да го постигне тоа.

Би можело да ве интересира

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Трамп: Зеленски ќе има големи проблеми ако се повлече од договорот за ретки минерали

Горан Наумовски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ

Орбан: Брисел се подготвува за војнa