„Си-Ен-Ен“: Трамп задоцни со отчетот до Конгресот за убиството на Кашоги

Од:

Администрацијата на Доналд Трамп задоцни да подготви извештај до Конгресот во определениот рок за тоа дали Белата куќа смета дека престолонаследникот на Саудиска Арабија, принцот Мухамед бин Салман, е вмешан во убиството на новинарот Џамал Кашоги, соопшти „Си-Ен-Ен“.

„Во случај на неопходност, претседателот има дискрециско право да се откаже да одговара на прашања на Конгресот“, појасни високо официјално лице од администрацијата.

Комитетот за надворешни работи на американскиот Конгрес лани во октомври испрати писмо до Трамп во кое од администрацијата се бара утврдување дали престолонаследникот е замешан во убиството на Кашоги, кој работеше како известувач на „Вашингтон Тајмс“. Според барањето на сенаторите, претседателот требаше да ја озвучи својата одлука во текот на 120 денови.

Според еден од изворите на „Си-Ен-Ен“, од Стејт департментот укажале дека до Сенатот ќе испратат писмо со објаснување. Содржината на писмото не се открива. На ова од Конгресот одговорија дека претседателот не може по свое да ги интерпретира законите.

„Тој или го почитува Законот, или го прекршува“, изјави Хуам Пачон, претставник од републиканското мнозинство во сенатскиот Комитет за надворешни работи.

Убиството на Кашоги се случи на 2 октомври, 2018 година на територијата на козултатот на Саудиска Арабија во Истанбул. Турските медиуми објавија дека тој бил измачуван. Посмртните останки на новинарот сеуште не се најдени. Јавното обвинителство на Саудиска Арабија обвини петмина осомничени, додека од ОН укажуваат дека Ријад посветил малку време за разјаснување на причините за убиството.

Би можело да ве интересира

Инаугурацијата на Доналд Трамп преместена во затворен простор поради студеното време

А1он

Има ли шанси Трамп и Путин да се сретнат во Белград?

А1он

Потврдено: Се подготвува средбата Путин-Трамп

Предраг Петровиќ

Бајден шокиран од Трамп: Страшно

Трамп ќе биде осуден пред неговата инаугурација

А1он

Трамп ја загуби жалбата во случајот против новинарката Џин Керол, мора да плати 5 милиони долари

А1он