Си-Ен-Ен: Пукната гума причина за пожарите во Калифорнија

Од:

Камионска гума што пукнала при возење е причина за почеток на шумските пожари што опустошија огромните области на Калифорнија во текот на изминатите две недели, јави Си-Ен-Ен.

На 23 јули, на пат во близина на градот Рединг, пукнала гума на приколка за камион – нешто вообичаено во копнениот сообраќај, според телевизијата, и од искрите се запалува оган.

Во пожарот што американските медиуми го нарекоа „Кар“, досега загинаа шест цивили и двајца пожарникари, уништени се 134.000 хектари (околу 542 квадратни километри), а пожарот се уште беснее.

Експерти од пожарникарските служби прават мрачни прогнози и предупредуваат дека последиците од пожарот Кар ќе ја чинат државата милијарди долари во следната деценија.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД