Си-Ен-Ен: Продажбата на јајца во САД зголемена за 44 отсто, цените за 180 отсто

Од:

Американците поради кризата со коронавирусот прават залихи со јајца бидејќи готват повеќе оброци дома, што доведува до недостиг и скок на цените во супермаркети, јави Си-Ен-Ен.

Продажбата на јајца се зголеми за 44 проценти во седмицата завршена на 14 март, во однос на една година порано, според најновите податоци на агенцијата за истражување на пазарот Нилсен.

Волмарт и другите поголеми трговски синџири воведоа ограничувања за купување јајца, производи за чистење и други производи поради енормна побарувачка во изминатите денови.

-Потрошувачите паничат, исто како кога објавивме за големи снежни бури… купуваат млеко, леб, тоалетна хартија и јајца, вели Брајан Москогјури, директор и аналитичар во Урнер Бери за истражување на производи на пазарот.

Трговците на мало, вели тој, нарачуваат до шестпати повеќе од вообичаената количина јајца што ја купиле, а потрошени се и залихите на производителите за Велигден.

Големопродажната цена на јајцата во САД се искачи за 180 отсто од почетокот на март, според Урнер Бери, кои објавуваат дневни показатели за движењата во тој сегмент, пренесе Си-Ен-Ен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски