Си-Ен-Ен: Почнаа преговорите меѓу Америка, Израел и Катар за прекин на огнот во Газа

Од:

Во Доха почнаа преговорите за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименуван извор.

Претходно медиумите објавија дека главните преговарачи од Америка, Израел и Катар треба да започнат преговори во недела.

Ова е прва рунда разговори на високо ниво по повеќе од два месеци, а според Си-Ен-Ен, американските власти се залагаат за обновување на разговорите по убиството на еден од лидерите на Хамас, Јахја Синвар.

Египет претходно предложи дводневен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Газа за време на кој четворицата израелски заложници ќе бидат ослободени.

Тој предлог би вклучувал и ослободување на неколку палестински затвореници и испорака на хуманитарна помош за Појасот Газа. Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш повторно повика на итен прекин на огнот, оценувајќи дека израелските воени операции во северниот дел на Појасот Газа го прават животот на палестинското население неодржлив, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Израелската војска е обвинета за егзекуции на медицински работници во Појасот Газа

Горан Наумовски

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ