Си-ен-ен“: Пелоси утре оди во посета на Тајван, наспроти заканите од Кина

Од:

Спикерката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, демократката Ненси Пелоси, има намера да долета во Тајван во наредните денови и таму да преноќи, иако тој дел од патувањето не е на нејзиниот распоред.

Ова денеска го тврди телевизијата Си-ен-ен“, повикувајќи се на неименувани службеници на Тајван и САД.

Според распоредот, Пелоси, која се наоѓа на азиска турнеја, беше веќе во Сингапур, и има закажано средби во Малезија, Јужна Кореја и Јапонија.

Главната интрига на оваа азиска турнеја на Пелоси е дали таа ќе отпатува на Тајван, остров кој прогласи независност од Кина, а кој Кина не го признава и предупредува дека може да има последици од таква официјална посета.

Вечерва, и неколку тајвански изданија исто така напишаа дека Пелоси се очекува да стигне на островот и да преноќи во Тајпеј.

Министерот за надворешни работи на Кина, Цао Лицзан, на дневниот брифинг денеска изјави дека визитата на Пелоси на Тајван ќе биде „грубо мешање во внатрешните работи на Кина“ и предупреди дека тоа ќе предизвика „многу сериозни настани и последици“.

Претставници на официјалните медиуми на Кина повикаа Пекинг да го урне авионот на американскиот политичар во случај на полет за Тајван

Од Вашингтон синоќа укажаа дека Администрацијата прави се за обезбедувањето на Пелоси да е на највисоко ниво ако таа одлучи да го посети Тајван. Американската морнарица за таа цел го премести носачот на авион УСС „Роналд Реган“ со неговата ударна група од Сингапур во Јужно Кинеско Море. Иако носачот веќе беше таму пред Пелоси да пристигне во Сингапур.

Вашингтон нема официјални дипломатски односи со Тајван, но според „Акт за релациите со Тајван“ усвоен од Конгресот во 1979 година, САД ветија да доделуваат на Тајван средства за самоодбрана.

Последна визита на спикер на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес на Тајван беше посетата на републиканецот Њут Гингрич во 1997 година.

Би можело да ве интересира

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски