Си Ен Ен: Јапонскиот здравствен систем неподготвен за ширење на заразата

Од:

Здравствените работници во Јапонија предупредуваат дека медицинскиот систем на таа земја не е подготвен за она што може да се случи во случај на ширење на коронавирусот во земјата, јави Си Ен Ен.

Експертите предупредуваат дека недостигот на медицинска опрема во комбинација со релативно ниската стапка на тестирање се заканува дека ќе создаде потенцијално експлозивен раст на епидемијата во Јапонија.

Претходно оваа недела, тим од владини експерти предупредија дека Јапонија може да има повеќе од 400.000 смртни случаи поврзани со новиот коронавирус, доколку не бидат преземени мерки како што е физичка дистанцираност.

Но, повеќето смртни случаи, предупредуваат тие, може да бидат резултат на недосиг на респиратори.

Јапонското здружение за интензивна нега располага само со седум легла во интензивна нега на 100.000 граѓани, наспроти 35 на 100.000 американски граѓани, според Си-Ен-Ен.

Според информациите дадени од Здружението за распираторна медицина во земјата, во Јапонија има само 22.000 респиратори за население од над 126 милиони, а до крајот на февруари беа во употреба 40 проценти од нив.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија