Си Џипинг: Кина е подготвена за поцврсто партнерство со Русија

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека Пекинг е „подготвен за уште посилно партнерство“ со Москва со цел „да се одржи меѓународната енергетска безбедност“. Зборовите на Си од писмото упатено до учесниците на четвртиот кинеско-руски енергетски форум беа цитирани од државната телевизија CCTV.

„Кина е подготвена да работи со Русија за да воспостави уште посилно енергетско партнерство и да го промовира развојот на чиста и зелена енергија и заеднички да ја одржува меѓународната енергетска безбедност и стабилноста на индустриските синџири“, напиша Си.

Државната кинеска новинска агенција, исто така, го цитираше Си дека Русија и Кина ја „зајакнале комуникацијата и координацијата“ и „ја демонстрираа силната отпорност на кинеско-руската енергетска соработка и широкиот обем на кинеско-руско сеопфатно координативно партнерство за нова ера. .

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски