Си Џипинг до Путин: Кина сака соработка со Русија за безбедноста

Од:

Кина е подготвена да ја продолжи меѓусебната поддршка и соработка со Русија кога станува збор за прашањата на суверенитетот и безбедноста, изјави кинескиот претседател Си Џипинг.

Тој денеска телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин. „Без оглед на глобалните промени во светот, кинеско-руските односи сè уште имаат добра динамика на развој“, рече Си Џипинг, а пренесува кинеската државна телевизија.

Според него, Кина е подготвена да соработува со Русија за да обезбеди стабилен развој на билатералната деловна соработка.

Зборуваше и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој потврди дека Путин и Си разговарале, иако не коментираше за што се разговарало за време на разговорите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Зеленски: Путин се плаши да користи нуклеарно оружје

Путин: Ќе ги постигнеме сите цели во Украина, вистината е на наша страна

Катерина Ѓуровски

Зеленски за заканите на Путин: Треба да се плаши од употреба на нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски